130 метри кубни ѓубре собрано од депонијата на битолскиот Баир

Над 130 тони ѓубре е собрано денеска од депонијата кај неурбанизираната дива населба на битолскиот Баир, каде минува магистралниот пат Охрид-Прилеп.

Со асистенција на полицијата акцијата за собирање на сметот ја спроведуваат јавните комунални претпријатија од Битола, иако велат дека немаат надлежност за државните патишта.

Дивата депонија ја создаваат жителите во оваа населба затоа што велат немаат каде да го одлагаат сметот.

-Ова не е убо овдека, треба да има канти, хигиена. Оваа смрдеа оди кај мене, вели Севгие Јашаровска, жител на дива наслеба

Иако овој дел  се расчистувал во повеќе наврати, сепак сликата псотојано се повтроува, а често ѓубрето се потпалува. Таков обид имаше и денес додека се рачистуваше депонијата.

-Немамe контејнери, никој не знаeме кој го пали, навечер си го палат  јас, ти, Трајко, Петко, не се знае кој пали ѓубре, вели Тефик Џаферовски, жител на дива населба

Од ЈП Комуналец пак велат дека разговарале со жителите, но не сакаат да плаќаат за услугата.

-Комуналец  разгова со луѓето кои живеат во овој дел. Ние имаме обврска да собираме до местото каде што е пристапно камионот да помине да поставиме контејнери. Но, тие не сакаат да плаќаат, но ќе разговараме и во иднина со нив па да видиме кој ќе биде резултатот, вели Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“

Од општина Битола информираат дека комуналната инспекција поднела и пријави до неколку лица, а акцијата ќе продолжи до конечно расчистување на обиколницата.

Овој долгогодишен  проблем надлежните велат ќе се реши со поставување на заштитна ограда кај дивата населба, за што ЈП за државни патишта спроведува јавна набавка за избор на изведувач за поставување звучна бариера.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ