
13 загинати во тешката сообраќајна несреќа, потврди министерот Филипче (видео)
Вкупно 13 лица се загинати во ставичната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово. Седум од нив починале на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Лицата што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. Една пациентка е почината во Старата градска болница, а петмина во ГОБ 8 Септември.
Христијан Костов, директорот на ГОБ „8 Септември“, рече во оваа болница се донесени 33 пациенти од кои пет биле починати. Меѓу згрижените има и млади, веројатно од машки пол, но деца нема.
Повикани се сите медицински екипи и ангажиран е цел пероснал. Повредените се сместени во новиот траума центар и отворени се четири хируршки сали, нагласи Костов, додавајќи дека за кратко време Ургентниот центар ќе биде подготвен за 24 часовно нормално функционирање.
На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се целосно мобилизирани да ги примат повредените. Над 20 амбулатни возила ги превезуваат повредените, а во извлекувањето на телата учествувале багери а помагале и локалните жители.
Несреќата според очевидци се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.