13 невладини против оданочувањето на физичките лица

Внесувањето на граѓаните во системот на ДДВ ќе ја еродира правната сигурност кај даночните обврзници, ќе генерира незадоволство и можност за даночна евазија, тврдат 13 невладини организации кои во 6 точки ги набројуваат главните проблеми кои произлегуваат од примената на ваквото законско решение. Бараат даночните власти моментално да се повлечат од ваквото толкување на законот бидејќи суштината на функционирањето на ДДВ е товарот да падне на крајниот потрошувач а не врз давателот на услугите.

Авторските договори не можат да подлежат на ДДВ, вели Николов бидејки нема промет и не се врши пренос на авторското право. Тесното толкување на законот според него го нарушува механизмот на ДДВ и води до ситуација да нема прагови односно освен за плата, сите за се да плаќаме ДДВ. Ако УЈП направи анализа на своите административни капацитети за ажурирање на даночните обврзници, ќе може да се дефинира дали прагот да биде остварен промет над 1 милион или над 2 милиони денари.

По бурните реакции во јавноста на повикот на УЈП физичките лица што лани оствариле промет поголем од 1 милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници, невладините бараат одговор и дебати зашто е потребно граѓаните да влезат во системот на ДДВ, да се дефинира што е тоа стопанска дејност, но и да се разделат авторските договори  за т.н општо добро од оние кои по природа се консултативни договори и не можат да бидат предмет на ДДВ.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ