
13.700.000 евра за воведување електронски патарини
Електронска наплата со картички и токени ќе се воведува на сите патарини со што ќе се намали можноста за малверазции и ќе се забрза протокот на возила и патници.
За овој проект ЕБОР ќе даде 13 милиони евра, а Владата ќе обезбеди уште 700-тини илјади евра.
Проектот предвидува надградба и модернизација на постојните патарини долж Коридорот 8, како и изградба на две патарини на автопатот Миладиновци-Штип и една Кичево-Охрид, ќе се инсталираат и соларни панели на сите патарини.