ДУИ ќе се откаже од донациите од државните институции

ДУИ ќе се откаже од начинот на кој нејзините функционери ја финасираат партијата. Државните институции повеќе  нема да бидат донатори. Ова ќе се случи по носењето на измените на Законот за финасирање на политичките партии за кој интензивно се водат разговори на ниво на работни групи. Целта е да се спречат сите злоупотреби и начинот на финасирање кој е основен извор на корупција.

Во најновиот извештај од Државниот завод за ревизија како најголеми донатори на ДУИ се јавуваат Македонска пошта, ПИОМ; Дирекцијата за заштита и спасување, АД Аеродроми, Општина Липково, Студенсткиот дом Пелагонија, Македонски железници.

Од партијата велат дека тоа биле приходи на нивни функционери кои се вработени во институциите а парите биле префрлани во висина од 5% со траен налог од нивната плата. Законските измени треба да доведат до транспарентно финасирање и спречување на секакви злоупотреби. Финасирањето на политичките партии треба да спречи тие да се претворат во акционерски друштва каде најмногу добива оној кој донира.

 

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ