
127 новозаболени од КОВИД-19, од кои 67 се од Скопје, тројца починаа
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 67
– Куманово 1
– Дебар 1
– Штип 33
– Тетово 10
– Струга 5
– Охрид 6
– Кочани 2
– Пробиштип 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.
– Скопје 4
– Тетово 2
– Гостивар 1