125 новозаразени од КОВИД 19, седум починати

Од 1019 тестирања направени во изминатово деноноќие, регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-89, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-1, Струмица-2, Кичево-1 и Ресен-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Оздравени се шест пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.
По бројот на заразени, Скопје со 1461 е на прво место, каде активни се 844. Следува Куманово, Штип, Прилеп.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

•       Чаир- 195
•       Бутел- 72
•       Центар- 71
•       Аеродром- 67
•       Гази Баба- 66
•       Карпош- 64
•       Сарај- 58
•       Кисела Вода- 39
•       Ѓорче Петров- 26
•       Студеничани- 24
•       Арачиново- 24
•       Шуто Оризари- 21
•       Илинден- 19
•       Петровец- 6
•       Чучер Сандево- 3
•       Сопиште- 2
•       Странец- 2

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ