
125 новозаболени, починати двајца во изминатите 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.
Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124. Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 1201, активни 595
- Куманово 545, активни 129
- Дебар 52, активни 1
- Штип 161, активни 123
- Прилеп 218, активни 29
- Тетово 273, активни 115
- Струга 98, активни 26
- Велес 141, активни 27
- Битола 30, активни 4
- Охрид 30, активни 13
- Кавадарци 6, активни 1
- Гостивар 47, активни 26
- Гевгелија 6, активни 2
- Струмица 5, активни 2
- Крива Паланка 6, активни 0
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 43, активни 12
- Пробиштип 5, активни 3
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 0
- Берово 2, активни 1
- Валандово 3, активни 2
- Виница 3, активни 1
- Делчево 2, активни 1
- Кратово 3, активни 1
- Свети Николе 3, активни 2
- Кичево 3, активни 1
- Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55. Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.