
12 пратеници со иницијатива за една изборна единица
12 пратеници се заканија дека нема да го гласаат Изборниот законик, ако во него не се вметнат нивните барања за една изборна единица без изборен праг, отворени листи и 50 процентна застапеност на жените. Пратениците кои доаѓаат од помалите партии бараат гаранции дека нивните барања ќе се вметнат во законот барем за наредните избори, ако нема време за измени пред закажаните напролет. Премиерот ги поддржа, но побара поддршка и од ВМРО ДПМНе и ДУИ.