12 новозаболени, 7 во Скопје меѓу кои и двајца вработени во МВР, Куманово бара целосен карантин

Расте бројот на заразени луѓе од вирусот Ковид 19 во Куманово и сега се вкупно 7. После првиот смртен случај, денеска има 5 мина ново регистрирани. Локалниот кризен штаб на денешната седница донел неколку заклучоци, во кои бара градот да се стави во целосен карантин, а осумдесет и еден бегалец кој се сместени во кампот во Табановце да бидат дислоцирани.

Денешниот редовен прес на министерот за здравство Венко Филипче е одложен за подоцна, но телма успеа да контактира со него. Вели дека екипи се излезени на терен и откако ќе се добие резултат од скенирањето на состојбата, ќе се знае дали ќе бидат прифатени барањата на Кумановци. Од 15 часот пак Владата одржува седница. Инаку Телма дознава дека меѓу 7 те новозаболени во Скопје, двајца се вработени во МВР но не се полицајци. И министерот Наќе Чулев потврдува дека до сега се тројца заболени вработени, од кој првиот случај беше регистриран пред четири денови.

Инаку со новозаразените вкупната бројка во земјава се искачи на 148 и тоа во Скопје 88, Дебар 40 од кои 1 е починат, Куманово 8 од кои 1 починат, Штип 7 , кавадарци и охрид по два и Гостивар еден. Од денеска граѓаните преку телефон јавувајќи се кај матичните лекари можат да закажуваат тестирање за корона вирусот.

За сега не се знае каква е состојбата на пациентите кои беа во лоша здравствена состојба а се сместени на инфективната клиника во скопје. Инаку до денеска има двајца починати од корона вирусот и еден излечен.

 

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ