12 годишна гимнастичарка од Македонска Каменица со 50 медали

12 годишната Елвира Јангеловска од Македонска Каменица во своите редови ја бара руската гимнастичарска федерација. Грациозна, но и големиот талент на Елвира во ритмичка гиманстика и ги отвараат вратите во Русија и Бугарија, на секој меѓународен натревар на Балканот таа е со златен или сребрен медал. Во колекцијата има над 50 медали. Во моментов таа тренира во училишната сала во Македонска Каменица на тепихот, кој го купиле нејзините родители и во професионален клуб во бугарскиот град Благоевград, каде што има седум тренери.

Трошоци имаат секојдневно и за тренинзите во соседна Бугарија, но и за реквизитите и скапата опрема за меѓународните натревари. Талент на 12 годишната Елвира е откриен во градинка во Москва, каде што нејзните родители жиееле 21 година. По што нејзиниот татко решил да се врати во родната Македонска Каменица. Елвира пред камерата на Телма вели дека успехот носи со себе и од многу работи да се откажеш.

И нејзините родители веќе размислуваат повторно да се вратат во Москва, каде што на Елвира како голем талент и се понудени услови за тренинзи и натревари во рамките на руската федерација и олимпски комитет за ритмичка гимнастика. Во меѓувреме ова девојче ги мотивираше нејзините врснички во Македонска Каменица да почнат со тренирање на овој спорт, кој во земјава воошто и не е развиен. Наставничката по физичко вели дека вакви таленти самата држава треба да ги мотивира и стипендира, засега помош имаат само од рудникот Саса и од општина Македонска Каменица.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ