12 април неизвесен датум за избори?!

Гласачките места можеби нема да се отворат на 12 април. Иако партиите едногласно го договорија овој датум, премиерот остави можност, изборите да се одложат поради ратификацијата на протоколот за НАТО во Собранието.

Опозицијата веднаш реагираше дека на Заев му е навика постојано да се предомислува. За нив, нема пречка за избори. Сметаат дека Собранието може  вонредно да се состане и по распуштањето.

Од 29 земји членки на НАТО, останаа уште Франција, Холандија и Шпанија  да го ратификуваат протоколот за влез на Македонија во сојузот. Македонскиот парламент е последна инстанца која треба да го потврди чинот, но претседателот Талат Џафери веќе најави дека ќе го распушти Собранието  на 11 февруари догодина, односно точно 60 дена до денот на одржувањето на изборите. Правните експерти, сугерираат дека, Џафери не мора да инсистира на распуштање токму тогаш и дека избори се одржувале и на помалку од 50 дена од распуштањето на парламентот. Укажуваат и дека, Собранието е во постојано заседание и може да се свика во секое време и да одлучува за важни теми,како ратификацијата.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ