117 лица го прекршиле полицискиот час изминатото деноноќие

Изминатото деноноќие во државава 117 лица не ја политувале забраната за движење. Од нив, 89 се приведени, а за останатите ќе следуваат соодветни казни, соопшти МВР. Полицијата на 135 лица им издала решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, од кои три лица не ја почитувале мерката за изолација.

Вкупно 25 лица се предложени од Основното јавно обвинителство Скопје за парични казни од по 2.000 евра за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од ЈО информираат дека двајца од обвинетите не ја почитувале наредбата за задолжителна самоизолација додека пак останатите биле затекнати во прекршување на полицискиот час.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ