
11 кривични пријави за вработени во Центарот за социјални работи
Јавното обвинителство одново добива полни раце работа во случајот за несаканата бременост и злоупотребите на 13 годишната штитеничка на јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитини проблеми „25-мај“. Министерството за труд и социјална политика испрати инспкација за по два дена да утврди дека сите 11 старатели и вработени во Центарот за социјални работи- Скопје во чиишто раце била малолетничката сториле кривични дела.
„Министерството ќе поднесе чривична пријава до ОЈО против одговорните лица во Центарто за социјална работа – Скопје за „несовесно работење во служба“, како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело „запуштање на малолетно лице“. Оваа пријава ќе биде поднесена против сите лица кои биле задолжени да псотпапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетничката.“
Овие пропусти се констатирани изминативе 2 дена од вонредната социјална инспекција на министерството, но се случувале цели 6 години наназад ,а според инспекторите помалку виновни се вработените во домовите „25 мај и „Ранка Милановиќ“. Тие пријаувале дека нивната штитеничка бега од инситутцијата, н озамолкнале кога таа им соопштила дека имала сексуаелн однос со повзрасен маж.
„Од страна на инспекторите сеп однесени 12 иницијативи за покренување дисциплниска псоптака портив стручни лица, соггласно законот за работни односи. Поведне исе и 13 постпаки за сторени прекршоци од страна на стручните лица согласно Законот за социјална заштита“
Вистината што се случувало измиантиве година и половина со 13-годишното девојче ќе треба да ја одгатне Јавното обвинителство кое уште од минатиот јануари во фиока ги има доказите од полицијата и иднетиот на лицата кои ја чувале во наслебата Шуто Оризари, а 39 годишен маж не криел дека имал сексуални односи со неа. Така било и во наредните два случаи, но до судот се уште не е поднесено обвинение по завршена истрага.
Павле Беловски