11 кривични пријави за кафеани – најмногу од Чаир и Тетово

Пазарните и финансиските инспектори со полни раце работа. Угостителски објекти работеле на диво – без регистрирана фирма.

Некои и после 22 часот. Се јадело и пиело и во затворениот дел од објектите.

А а на маса наместо двајца или четворица од исто семејство седеле поголема група луѓе.

Ова го покажале над 4.000-те контроли во последните седум денови и тоа само во најкризните подрачја со коронавирусот – Скопје, Тетово, Куманово и Штип.

„Во последните неколку денови кои што се заеднички контроли имаме направено односно записници со непочитување на протоколите и за кои што се изречени кривични пријави вкупно 11 кои што нормално овие денови ќе бидат доставени до обвинителство и до судот.“- изјави директорот на ДПА, Стојко Пауновски.

Во истиот период и во истите градови, нспекторите затекнале и 24 објекти кои работат на диво – нерегистрирани.

Сите добиле прекршочна пријава и рок од 30 дена да се регистрираат, во спротивно ќе бидат затворени.

По оштини Чаир и Тетово имаме најповеќе кривични пријави доставено за протоколите по член 205 и 206, за непочитување протоколи, за работење после 22 часот, нели само по бавчите угостителите можат да работат само на отворен простор, некои и внатре ја извршувале угостителската дејност“- изјави Пауновски.

Транспортниот инспекторат пак извршил 174 надзори и констатирал 13 прекршувања на протоколите.

Мерките за работнички превоз не ги почитувале 3 превозници на работници во Штип, по еден во Кавадарци и Скопје, а 8 превозници работеле без дозвола. Трудовите инспектори пак поднеле 25 пријави и уште толку укажувања за газдите кои не ги почитуваат препораките и не ги ослободиле од работа бремените жени,  мајки со деца до 10 години, како и хронично болните.

Но признаваат дека бројката е поголема, затоа излегоа со апел до работниците да не се плашат и да ги пријавуваат фирмите. Гарантираат дека нивниот идентитет никој нема да го дознае.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ