11-годишно дете е најмалиот престапник

80% од општините немаат формирано општински совети за превенција од детско престапништво, иако имаат законска обрврска да ги формираат. Ова е големата забелешка која ја нотира годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво кое денеска го разгледуваше собраниската комисија. Во извештајот, во 2017 година  се забележува кај децата во ризик намалување од 14 проценти, но од друга страна се нотира зголемување од 17 проценти на случаи на деца пријавени во полициска станица и кај социјалните служби. Мерка притвор била одредена за 2 деца. Најмладиот евидентиран престапник имал само 11 години.

А питачењето е едно од формите на детско престапништво. Најчесто застапено е во Скопје и во поголемите градови од државата. Министерката за труд и социјала  Царовска вели дека намерата на државата е со новиот закон за социјална заштита во 2019, децата да бидат тргнати од улица.

Според  Извештајот за детско престапништво, најголем број престпки од деца биле евидентирани во Куманово и Скопје.

 

Јордан Дуков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ