101 нов случај на КОВИД 19, починаа пет луѓе

101 нов случај на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-13, Дебар-1, Штип-3, Тетово- 19, Струга-1, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-1, Ресен-2. Направени се 776 теста, но се чекаат тестовите од лабораторијата на Систина, кои ќе бидат внесени во утрешниот извештај.

Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Оздравени се 22 –ца.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 384
•       Аеродром – 130
•       Бутел – 140
•       Гази Баба – 153
•       Центар – 133
•       Карпош – 114
•       Сарај – 130
•       Кисела Вода – 95
•       Ѓорче Петров – 77
•       Студеничани – 84
•       Шуто Оризари – 69
•       Арачиново – 55
•       Илинден – 30
•       Петровец – 12
•       Чучер Сандево – 12
•       Сопиште – 13
•       Зелениково-2
•       Странец – 4
•       Нераспределен-5

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ