
100 денари и пиштол во црковната благајна на Св.Димитриј
Владиката Јаков Стобиски ја повика Управата за јавни приходи да го истражи приватниот имот на свештеникот Боро Милчев.
Епископот Јаков вели дека свештеникот е предмет на материјална , морална и канонска истрага на црквата, бидејќи како што рече, со години го присвојувал пригодот од црквата Свети Димитриј којашто ја управуваше две децении.
Владиката негира дека имало притисок врз Милчев. Вели дека за притисоци почнал да зборува откако е направена ревизија во црквата.
Свештеникот Милчев не беше расположен да ги ислуша прашањата на Телма.
Со висок и гневен тон обвинуваше дека новинарите му го уништуваат животот, а дека политичари му се закануваат со ликвидација. По ова го прекина разговорот без да соослуша што имаме да го прашаме.
Сузана Мицева