100 дена од разрешувањето на Вангеловски, Врховниот суд уште не формирал жалбен совет за неговата жалба

Точно 100 дена од разрешувањето на Вангеловски, во Врховниот суд се уште не е формиран совет кој треба да ја разгледа жалбата на доскорешниот прв човек на тој суд.

Проблемот е што многу врховни судии се иземаат од постапката против Вангеловски затоа што или учествувале во истиот случај поради кој е разрешен, односно ослободувањето од притвор на Сеад Кочан додека бизнисменот беше во бегство или пак Вангеловски претходно ги гонел судиите.

Врховниот суд треба да определи 5-мина судии во жалбениот совет кој треба да ја разгледа жалбата на Јово Вангеловски, а после сите изземања има само 9 врховни судии во барабанот кои може да станат членови на тој жалбен совет. Вангеловски барал за одлуките на судскиот совет против него да расправаат два совети што дополнително може да ја усложнат постапката.

Саити вели дека проблемот можел да се предвиди и кога законите се менувале во склоп на реформите.

Во судскиот совет велат дека предметот за Јово Вангеловски уште не им е вратен и се наоѓа во Врховниот суд.

Досега сите рокови се пропуштени, законот предвидува за постапка по разрешување на судија да поминат 58 денови бидејќи законски се предвидени денови за секоја етапа од постапката.

Но поминаа речиси двојно повеќе денови, а постапката по жалба не е ни почната.

На Вангеловски инаку по разрешувањето му биле најдени и повеќе предемти во фиока за кои судот не долучувал ни кога бил претседател ни сега кога веќе е разрешен.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ