10 години сум бил претседател на Собрание, јас да бидам организатор, срамота, изјави Вељаноски по излегувањето од судот

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски пред неколку минути излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнево беше приведен и осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април во Собранието. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет.

По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота, кратко изјави Вељаноски по излегувањето од судот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ