
1,8 милиони рецепти во 2017 година за антибиотици
Во Македонија антибиотици се конзумираат за се и сешто. Само во 2017 година преку аптеките се реализирани 1,8 милиони рецепти за антибиотици. Непотребното и зголемено употребување на антибиотиците ја намалува нивната моќ да делуваат тогаш кога се потребни.
Тоа доведува до развивање на отпорност на бактериите кон антибиотикот. Секоја година во светот умираат околу 700 000 луѓе како резултат на бактерии отпорни кон повеќе антибиотици. Отпорноста на антибиотици во Европа е причина за смрт на 33.000 луѓе и овој број е во постојан пораст. Во Македонија за антибиотици само за една година Фондот за здравство потрошил околу 4,8 милиони евра.
Претставникот на Светската здравствена организација во Македонија Џилхане Тавилах вели дека антибиотиците се многу благотворен лек, но мора да се конзумираат разумно за да не се создаде отпорност.
Македонија по 10 пат ја одбележува Светската недела за рационална употреба на антибиотици. Овогодинешното мото е: “Едно здравство”.
Јордан Дуков