0м+со Марија Атанасовска
Ом+ е 30 минутен магазин за родители кој се емитува секој работен ден од 12 часот во рамки на Утринската на Телма. Емисијата нуди информации за растот и развојот на бебињата и малите деца, како и совети и препораки за идните родители. Мајките, татковците и членовите на потесното семејството, во 0м+ добиваат корисна и информативна содржина која може да им помогне во различните фази на родителството, од бременоста, пораѓањето, грижата за новороденчесто, раното детство и училишната возраст. Во емисијата гостуваат стручни лица од разни области кои даваат концизни и јасни совети како да се решат малите и големи родителски предизвици.