Зигфрид Мурешан е последен романски предлог за еврокомесар во новиот состав на ЕК

Новата романска Влада ќе го предложи европскиот пратеник Зигфирд Мурешан за свој комесар во Европската комисија, соопштија денеска официјални претставници на владечаката Национално-либерална партија.

Писмото до Брисел ќе биде испратено подоцна во текот на денот или утре рано наутро, изјави висок претставник на партијата кој е запознаен со процесот на номинација, додека уште еден висок партиски функционер за британските медиуми потврди дека во партијата е договорено Мурешан да биде нивниот предлог за нов еврокомесар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ