„Жолтите елеци“ разочарани од говорот на Макрон, најавија продолжување на протестите

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одржа првата голема конференција за новинари откако пред две години стапи на функцијата. Макрон им одговори и на антивладините протести на движењето „жолти елеци“ кои се на улица веќе шест месеци. Им вети значително намалување на данокот на заработка, пред се на работничката класа, но додаде и деја Французите ќе мора повеќе и подолго да работат. Најави намалување на трошоците на владата, инсистираше да се врати јавниот ред и мир во државата и се заложи за децентрализација на власта. Но, Жолтите елеци не се задоволни и ветија дека протестите ќе продолжат. Велат дека се разочарани, како и тоа дека говорот на Макрон не донел ништо конкретно.

  • Намалување на данокот за пет милијарди евра, кој беше најавен од Емануел Макрон е „матно“, бидејќи владата ќе одлучува кога и како. Не е конкретна мерка и не е итна мерка. И ова даночно намалување од пет милијарди на крај ќе претставува само 10,20 евра месечно. А тоа нема да го промени секојдневниот живот на Французите. Ништо големи не најави, вели Тиери Пол Валет, основачот на движењето „Жолти елеци“.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ