Животот во Кина во сенка на епидемијата

Прославата на кинеската нова година падна во сенка на епидемијата на новиот тип коронавирус во која до сега починаа 26 лица. 830 потврдени случаи на заразени пациенти има во моментов во Кина. Светската здравствена организација одлучи да не прогласи глобална вонредна состојба, во најголем дел поради малиот број случаи надвор од границите на Кина. Но експертите се сомневаат дека тоа може многу брзо да се смени.

Она што ја утврдува стапката со која ќе се проширува е инкубацискиот период, наречен генерациски период, периодот меѓу инфекциите. Се уште не го знаеме тој број, но јасно е дека е релативно краток, можеби неколку денови, можеби 10 денови. Некои луѓе велат две недели, така да можеме да очекуваме зголемување на бројот на случаи на секои две недели, во случај на епидемија, оценува Марк Вулхаус, професот по Инфективна епидемиологија на Универзитетот во Единбург.

Кинеските власти го ставија Вухан, епицентарот на заразата, под виртуелна опсада. Секоја форма на јавен транспорт во и надвор од градот е забранета, а на сообраќајниците околу градот се поставени и блокади. Рестрикции се поставени и во 13 други градови во провинцијата Хубеј, опфаќајќи популација од 36 милиони луѓе. Во Вухан забрзано се гради и специјална болница каде ќе биде згрижени сите заразени пациенти од регионот. Дали овие мерки ќе донесат некаков резултат ќе се знае откако научниците ќе откријат како точно се пренесува вирусот и колку време трае инкубацијата.

Ако сте во можност да ги почекате луѓето да ги развијат симптомите и тогаш да ги изолирате случаите, да го заштитите медицинскиот персонал кој се грижи за нив, ќе бидете во можност да го намалите ширењето на тој начин. Но доколку пренесувањето се случува претходно, тогаш навистина ќе биде многу тешко да се стави под контрола, вели Вулхаус.

Важен детал за научниците е и веќе потврдената информација за пренесувае на вирусот од страна на носители, луѓе кои го имаат вирусот но не покажуваат никакви симптоми. Во остатокот од Кина властите и препорачаа на сите луѓе кои патуваат од внатрешноста на земјата да го ограничат својот контакт со трети лица во период од 14 денови. Ширум Кина се затворени голем дел туристички атракции, историски локалитети и јавните прослави на новата година.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ