Жителите на Лезбос на секој начин се обидуваат да ги спречат мигрантите да се истоварат на остворот

Грчките островјани спречија група мигранти да се истовари на пристаништето во терми на Лезбос, извикувајќи „границата е затворена, вратете се во својата држава. На мигрантите, меѓу кои имаше семејства со деца и бебиња, не им беше дозволено да го напуштат гумениот чамец, со кој допловија од турскиот брег, од поголема група граѓани на Терми кои постојано викаа по нив и им го туркаа чамецот.

Во исто време на пристаништето од жителите на Лезбос беа нападнати двајца германски репортери кои го снимаа и фотографираа пристигнувањето на мигрантите.

Други групи кои пристигнуваа на островот мораа со часови н аплажите да ги чекаат автобусите кои треба да ги превезат до кампот, затоа што локалните жители не ги пуштаа да поминат.

На островот Лезбос има речиси 20.000 мигранти кои живеат во камп чиј капацитет не е поголем од 3.000.

Грчките власти тврдат дека ги користат сите достапни средства за да им објаснат на мигрантите дека доаѓањето во земјата е залусно, дека границата е затворена.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ