
Жешка атмосфера помеѓу македонските навивачи пред натпреварот во Виена
Навивачите се загреваат за натпреварот против Украина и речиси сите од нив веќе се собрани во Виена. Со навивачки песни и оптимизам го очекуваат првиот настап на репрезентацијата на Европското првенство. Екипата на Телма е на лице место и ви ја пренесуваме атмосферата во моментов.