
Зголемен бројотот на луѓе починати од коронавирусот
Епидемијата на корона вирусот не стивнува – црвените кругови се шират по планетата, покажува картата на универзитетот Џон Хопкинс. Бројката заразени порасна над 20 илјади луѓе се разболеле, само двесте болни се надвор од Кина. Од корона вирусот досега умреа 427. Во едно деноноќие од кобниот вирис починаа 64 луѓе што е нов рекорд.
Во Македонија нема регистрирано заболен ниту сомнителен случај, а здравствените власти смируваат-нема простор за паника .
Министерот за здравство тврди дека државата има доволно количини на заштитна опрема за медицинските лица. Снабдени се околу 40.000 маски, скафандери и посебни мантили. Реагенсите за испитување на корона вирусот денеска треба да стигнат во државава. Досега крвните анализи за овој тип болести се правеа во Ниш во Србија.
На скопскиот аеродром веќе десетти дена како превентивна мерка е поставена термо камера. Камерата регистрира дали некој од патниците кои што туку се симнале од авион имаат покачена температура, што е еден од симптомите, слично како и кај сезонскиот грип. Вчера во Македонија не влегле луѓе кои биле во Кина и нема податоци дека тие кои влегле досега, а биле на патување во Кина, имаат какви било симптоми.
Корона вирусот , кој се појави на почетокот на јануари стави милиони луѓе во изолација . Кинеските власти во Вухан, градот кој е жариште на новиот вирус, во рекорден рок изградија болница со 1.000 легла за полесно справување со епидемијата.
Станува збор за нов вирус кој предизвикува респираторни здравствени проблеми.
Теодора Цветковска