
Земјотрес во Истанбул со магнитуда од 5,7 степени
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе најголемиот турски град Истанбул, соопшти опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување земјотреси.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 70 километри западно од Истанбул во Мраморното море, јужно од градот Силиври.
Очевидци велат дека почувствувале како се тресат зградите во Истанбул.
Турција е трусно подрајче склоно на земјотреси. Последниот земјотрес во Истанбул беше пред два дена со магнитуда од 4,6 Рихтери.