Земјотрес од 7,4 степени го погоди Мексико
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди денеска јужниот и централниот дел на Мексико. Земјотресот бил почуствуван и во претсолнината Мексико Сити која се наоѓа на 600 километри северно од сојузната држава Оахака, каде бил регистриран епицентарот на потресот.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Според новинската агенција Ројтерс предупредување за цунами било издадено за државите Мексико, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас односно 1.000 километри долж западниот брег на Јужна Америка.