Земјотрес од 5,1 по Рихтер ја погоди централна БиХ

Земјотресот со интензитет од 5,1 степени по Рихтеровата скала, ја погоди попладнево централната област на БиХ и се почувствува и во Сараево. Епицентарот се наоѓал во близина на Турбет на 85 километри северозападно од Сараево.

Цивилната заштита на кантонот Тузла соопшти дека нема човечки жртви, ниту повредени туку само материјална штета врз постари објекти како паднати оџаци или срушени кровови.

Ова е најсилен земјотрес кој ја има погодено БиХ изминативе години, последниот забележан бил во 2012 година во Зеница со интензитет од 4,9 степени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ