„Зелена книга“ најдобар филм на Оскарите

Американската филмска академија ги додели најзначајните награди во светската филмска индустрија.

Во „Долби театарот во Лос Анџелес беше одржано 91 издание на Оскарите, а за најдобар филм беше прогласен „Зелена книга“, кој е базиран на вистинска приказна. Но, најмногу златни статуетки – дури четири доби филмот „Боемска рапсодија“. Рами Малек кој во филмот го глуми фронтеменот на легендарната група „Квин“ Фреди Мерјкури го доби Оскарот за најдобар актер.Оливија Колман е добитничка на Оскарот за најдобра главна актерка во филмот „Миленичка“.

На светската музичка ѕвезда Леди Гага и припадна статуетката оскар за оригинална песна „ Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“, но не успеа да ја добие наградата за најдобра споредна актерка, која сепак заврши во рацете на Реџина Кинг.

Пред почетокот на Оскарите, како фаворит за оваа награда се сметаше „Рим“ на режисерот Алфонсо Куарон, но тој ја доби наградата за најдобар режисер и најдобар странски филм.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ