Заврши агонијата на мигрантите на бродот “Аквариус”

Агонијата за мигрантите кои се неколку дена се наоѓаа на отворено море на бродот “Аквариус”  заврши денеска со пристигнувањето на италијанскиот  брод Датило во Валенсија, носејки дел од мигрантите, а останатите пристигнуваат со бродот Аквариус и уште еден италијански воен брод.

МГС: Давид Нагуера, “Доктори без граници”

Мигрантската криза повторно ја бранува Европа. Последните случувања со бродот “Аквариус”, две недели пред самитот на ЕУ го покажаа разногласието во европската миграциска политика. Одбивањето на Италија и Малта да го прими бродот на кој се наоѓаат 630 мигранти спасени кај либанскиот брег го остави бродот неколку дена талка на отворено море.

Ваквата одлука на италијанската влада беше критикувана од францускиот претседател Емануел Макрон и ја доведе во прашање закажаната средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте. Сепак, дојде до средбата и на неа двајцата премиери се обврзаа дека заедно ќе работат на промената на правилата за масовна миграција во Европа.

МГС: Емануел Макрон

Состојбата со мигрантите ја бранува и германската влада. Миграцијата е европски предизвик и има потреба од европски одговор, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во однос на инсистирањето министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер кој бара некои баратели на азил да бидат враќани на граница. Меркел е против еднострани акции и тврди дека тие можат да ја ослабнат Европската унија. Миграцијата е еден од четирите главни предизвици за кои германската канцеларка ќе разговара со францускиот премиер Макрон на нивниот состанок во Германија во вторник со министри од двете влади. Германските медиуми јавуваат дека Меркел планира да предложи да се одржи прелиминарен самит на ЕУ пред планираниот на 28 и 29 јуни, за да се изнајде решение за миграциската криза.

На бродот “Аквариус” неколку дена на отворено море беа заглавени 450 мажи, 80 жени, од кои најмалку седум се бремени и 100 деца.

Јордан Дуков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ