Заштитните маски од утре задолжителни во Белград

Во Белград од утре е задолжително носење на заштитни маски на лицето во сите затворени простории. Вака одлучи Кризниот штаб кој утрово заседаваше откако последните податоци покажаа дека со корона вирусот за 24 часа се зарзија 254 луѓе, а тројца починаа. одлуката е донесена бидејќи најголем број на новоинфицираните се од Белград и најголем број од нив престојувале во затворен простор, каде биле во контакт со поголем број луѓе. Маските ќе бидат задолжителни и во рестораните и кафулињата.

Ново жариште на вирусот е Ужице, а ситуацијата е алармантна и во Нови Пазар, и во Краљево, каде дојде до сериозно влошување на епидемиолошката ситуација. Во овој град има 97 заразени, и тоа најмногу млади пациенти на возраст од 20 до 40 години. Инфективното одделение во градот е веќе преполно, а според епидемиолозите, веројатно е да има десет пати повеќе од регистрираните случаи.

Во инфективните амбуланти почнале да се јавуваат се повеќе студенти со респираторни тегоби, а досега се регистрирани 210 позитивни студенти. Според докторите, списокот на симптомите за вирусот е проширен со осип по телото, дијареаја, мачнини.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ