Зариф: Иран е против турска воена акција во Сирија

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Иран е против турска воена акција во Сирија.

Во телефонски разговор со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Зариф повика на „почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Зариф и Чавушоглу разговарале синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги остава оние што се вклучени во сирискиот конфликт сами да ја решат ситуацијата.

„Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе мора сами да ја решат ситуацијата и да утврдат што ќе прават со припадниците на Исламска држава, фатени во нивната околина“, рече Трамп.Тоа е прва реакција на Трамп откако Белата куќа најави повлекување на американските трупи, отворајќи го патот за турската воена офанзива против Курдите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ