Заразата од коронавирус СЗО ја категоризираше како пандемија

Глобалното проширување на коронавирусот сега го достигна нивото на глобална пандемија, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА.

До минатата недела СЗО тврдеше дека се уште не станува  збор за пандемија, но по проширувањето на сите континенти, сега веќе станува збор за пандемија.

СЗО деноноќно го следи ширењето на болеста и длабоко сме загрижени поради алармантните нивоа на ширењето и сериозноста и поради алармантите нивоа на недејствување. Затоа ја направивме проценката дека Ковид 19 може да биде карактеризиран како пандемија, изјави Гебрејесус.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ