Започна офанзивата на турската армија против курдите во северна Сирија

Турската војска започна офанзива во северна Сирија, што може да ги доведе во директен конфликт со курдските сили, сојузници на Соединетите држави.

Одлуката ја објави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Турција сака да создаде таканаречена “безбедна зона” без присуство на курдската милиција, во која исто така ќе се сместат дел од 3,6-те милиони сириски бегалци сместени во Турција.

Доналд Трамп контроверзно одлучи да ги повлече американските војници пред турската офанзива иако подоцна се закануваше дека Анкара ќе се соочи со можни економски санкции доколку се одлучи на таквиот чекор.

Курдите се клучните американски сојузници во поразот на џихадистичката Исламистичка држава во Сирија.

Одлуката на Трамп, курдите ја доживеаја како “нож во грб” а таа беше осудена и од дел од најблиските сојузници на американскиот претседател во републиканската партија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ