
Заострени односите Белград – Приштина
Продолжува студената војна во односите Белград- Приштина, а ситуацијата е толку затегната што може да дојде до точка на пукање, сметаат аналитичарите. Откако Велика Британија, претседавач на Советот за безбедност на ОН, на есенската сесија одби да го стави прашањето на Косово на дневен ред, претседател Александар Вучиќ за утре свика итна седница на Советот за национална безбедност. Ќе се разгледува актуелната безбедноста ситуација, со оглед на фактот што КФОР утринава веќе префрлил дел од опремата и техника од својата база во северно Косово.
Ситуацијата во следните 48 часа е можно да ескалира дополнително што утре истекува рокот кој ЕУ, според Бриселскиот договор, им го даде на привремените институции во Приштина да формираат заедници на српски општини. Се очекува утре Косовската влада да го објави извештајот за овој дел од договорот. Но, ситуацијата не се смирува, а се појавија и информации дека Србите од северниот дел ќе прогласат автономија, како одговор на тоа што Приштина не ги формирала заедниците. Поради оваа најава, Совет за безбедност денеска одржа и косовската влада. Ги предупредија Србите од овој дел на Косово дека на нивниот обид ќе биде одговорено.
Никој нема право да презема унилатерална акција, предупреди Рамуш Харадинај.
Реагираше и Белград. Вучиќ преку отворено писмо ги повика србите од северниот дел на косово да не наседнуваат на провокации.
- Драги Срби, ве молам во врска со ова да не преземате ништо што некои поединци меѓу Албанците, или дел од меѓународната заедница, би го искористиле како изговор за преземање на какви било акции против вас, порача Вучиќ.
За Србија најважен е мирот, вели Вучиќ, и додава дека се додека не се најде компромисно решение Белград нема да застане. И неговиот косовски колега е за конечна нормализација на односите со Белград. Иако одби секаква поделба на Косово, Хашим Тачи пред два дена рече дека ако се направи балансиран договор за корекација на границата, тогаш тоа на никој нема да му пречи.
Дека е потребно да се нормализираат односите, смета и политичкиот советник на Тачи. Блерим Шаља вели дека Србија и Косово се заложници едни на други во напредокот, и дека е дојдено времето да се постигне договор, бидејќи двете страни ќе се користат едната со другата како алиби. За моменталната ситуација Брисел, денеска со дипломатски одговор. Навиваат за реалистично решение кое ќе биде во согласност со меѓународното право.
Алиса Шутиноска