
Загреб помина ноќ со 30 послаби потреси
По вчерашниот земјотрес, во Загреб во текот на ноќта се регистрирани околу 30 послаби потреси. Состојбата на 15-годишното девојче што беше повредено при во вчерашниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска е непроменета и се бори за живот.
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени вчера изутрина во 6часот и 24 минути беше регистран во Загреб, а беше проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри. Земјотресот предизвика голема материјална штета во стариот дел на Загреб.