
Загинаа 13 рудари во Чешка
Најмалку 13 рудари загинаа, а уште 10 се повредени при експлозија на метан во чешки рудник за јаглен.
Експлозијата се случила, доцна синоќа на 800 метри под површината на земјата во рудникот за јаглен ЧСМ во близина на чешкиот град Карвина, на околу 300 километри од Прага.
Спасувачката операцијата била отежнато од пожар. “За жал, стигнавме до точка каде што беше невозможно да се оди понатаму, бидејќи беснееше огнот, а видливоста беше нула”, изјави менаџерот Болесвав Ковалцик.
Единасетмина од рударите биле полски и двајца други чешки државјани.
Чешкиот премиер Андреј Бабис денеска ќе го посети рудникот каде се случи експлозијата, а во парламентот со минута молчење им беше оддадена почит на загинатите.