За Меркел односот со САД е круцијален

Односнот со САД е круцијален за германската влада, рече канцеларката Ангела Меркел на годишната конференција за медиуми, која се случува една недела откако Доналд Трамп ја обвини Германија дека е заробеник на Русија поради нејзината енергетска зависност. Сепак , канцеларката не беше јасна кога новинарите побараа од неа да го дефинира нејзиниот однос со Трамп.

„Мислам дека може да се каже дека работната рамка на која се навикнавме е под силен притисок во моментов. Но, транс-Атлантската соработка, вклучувајќи ја и онаа со претседателот на САД, секако е централна за нас и ќе продолжам да ја негувам“, вели германската канцеларка.

На самитот на НАТО во Хелсинки, Трамп ја обвини Германија дека не троши доволно пари за воената опрема, односно во буџетската каса на Алијансата не ги плаќа потребните 2% од БДП, а на сметка на тоа плаќа милијарди евра за користење на рускиот гас. Но, Меркел е убедена дека заедничката соработка во сојузот треба да придонесе за вин-вин ситуација.

„Она што е важно за мене, и за целата моја политичка работа е мултилатерализмот, силната верба дека ако соработуваме ќе продуцираме „вин-вин“ ситуации, кои ќе бидат од корист за сите. Ова во моментов баш и не преовладува, но сепак нема да ме одврати од понатамошно промовирање“, додава Меркел.

Меркел ја поздрави и поканата на Трамп до Путин да дојде во Белата Куќа наесен. Рече дека мора да стане нормално американскиот и рускиот претседател повторно да се состануваат, и додаде дека е среќна за секој одржан состанок. Со денешните одговори на прашањата на новинаритеМеркел рече дека се одјавува од напорната работна година и замина на годишен одмор.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ