За едно деноноќие 475 лица починаа од коронавирус во Италија

Над четири илјади новозаразени и речиси петстотини мртви е епилогот од епидемијата на коронавирусот во последните 24 часа во Италија.
Според последните официјални инфромации во последните 24 часа од Ковид-19 починале 475 луѓе, што е најмногу до сега а регистрирани се нови 4.207 случаи. Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Италија е 35.713, а моментално 28.710 се позитивни. До сега се излекувале 4.025 луѓе. Досега во Италија коронавирусот одзеде 2.987 животи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ