
За два дена, два сомнителни пакети во британскиот Парламент
Британската полиција денеска е повикана во Парламентот за да истражи сомнителен пакет, се наведува во соопштението на полицијата.
Биле повикани припадници на специјалните единици кои ќе ја истражат содржината на пакетот.
И вчера британската полиција беше повикана поради пакет со сомнителна супстанца, а две лица превентивно беа испратени во болница. Подоцна полицијата соопшти дека супстанцата не била опасна.