
Eвропските лидери го признаа Хуан Гуаидо за привремен председател на Венецуела
Велика Британија, Франција, Шпанија, Шведска, Данска и Австрија го признаа опозициониот лидерот Хуан Гуаидо за привремен председател на Венецуела. Додека официјална Москва смета дека обидите на некои држави да ја „легитимизираат узурпацијата на власта во Венецуела“ претставува мешање во внатрешните работи на таа земја, австрискиот канцелар Курц и францускиот претседател веќе се огласија на Твитер.
Венецуелците имаат право на слободно и демократско изразување. Фрација го признава Гуаидо како „привремен претседател“ за спроведување на изборниот процес. Ние ја поддржуваме контакната група, формирана во ЕУ, во овој транзитен период, напиша на Твитер Макрон.
Ова следува по острото одбивање од страна на Николас Мадуро до крајот на неделата да распише вонредни избори. Ултиматумот истече на полноќ, а Ле Дриан, шефот на француската дипломатија, оцени дека претседателот на Парламентот на Венецуела Хуан Гуаидо има „овластување“ да организира нови претседателски избори.
- На сите им е јасно, вклучително и на Европејците, дека е неопходно да се излезе од оваа криза преку легитимни и верификувани претседателски избори. Тоа е она што го баравме и ние сега ќе ги преземеме потребните чекори бидејќи претседателот Мадуро одбива кризата во Венецуела да заврши по мирен пат, вели Жан-Ив Ле Дриан, шеф на француската дипломатија.
Францускиот министер не смета дека тоа е мешање во внатрешните работи на Венецуела, туку „само е обид да се обезбеди оваа криза да се реши мирно“. Меркел која е на средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе го потсети Мадуро дека времето истече.
- До вчера немаше избори за претседател. Затоа сега Хуан Гуаидо е личноста со која разговараме и од која очекуваме што побрзо да го започне изборниот процес. За оваа задача тој е легитимен привремен претседател од германска гледна точка и од аспектот на партнерите. Се надеваме дека овој процес ќе трае кратко и ќе биде спроведен мирно, рече Меркел на средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Николас Мадуро предходно упати опомена дека не е исклучена можноста за граѓанска војна во земјата, по долгиот притисок кој се врши врз него да се повлече од функцијата. Во своето најново интервју тој го предупреди Доналд Трамп дека од Белата куќа ќе си замине со крвави раце, ако интервенира во кризата во венецуела.
Гуаидо минатиот месец се прогласи за привременим водач на Венецуела за што ја доби и подршката од САД, по што Мадуро га обвини дека организира државен удар.
Билјана Ставрова