
Вулин: Приштина ја дестабилизира ситуацијата на Косово
Министерот за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека ќе разговара со претставниците на мисијата КФОР, во врска со усвојувањето на законот во косовскиот Парламент, со кој се дозволува формирање на косовската армија. Во интервју за Радио Телевизија на Србија, Вулин вели дека во во текот на ноќта се разменувале информации и дека српскиот претседател Александар Вучиќ по тој повод имал неколку разговори.
– Убеден сум дека претседателот ќе донесе најдобра можна одлука, изјави Вулин, запрашан дали Вучиќ ќе ги прифати советите за прогласување окупација.
Одговарајќи на прашањето, кој може сега да го запре формирањето на косовската армија, Вулин рече дека тоа е прашање за меѓународната заедница, која ја презела одговорноста за секоја ситуација во Косово, особено за почитување на мирот и безбедноста. Истакна дека сега треба да се види колку „тежи зборот на НАТО пактот“. Вулин рече дека Србија го потпишала Бриселскиот договор, затоа што и е гарантирано дека на Косово нема да има никакви вооружени сили.
-Приштина на овој начин значително ја дестабилизира ситуацијата на Косово и Метохија, оцени тој.
Косовското собрание едногласно синоќа го усвои предлог законот за Безбедносните сили на Косово. Законот го поддржаа сите пратенички групи, освен Српска Листа, која ја напушти седницата.