
Вучиќ со тајни решенија и задачи за безбедносните служби
Александар Вучиќ донел решенија за Косово кои засега се тајни за јавноста. На итната седница на Советот на безбедност на Србија, доделени се задачи за српските разузнавачки служби и институциите. Исто така Вучиќ се сретна и со српскиот патријарх Иринеј во Белград со цел да се смири состојбата.
„Му реков на патријархот на отворен начин се што мислам и за КиМ и за сите други важни прашања. Задоволен сум што ме сослуша и јас чув од него се што мисли тој и српската црква. Утрово имавме седница на Советот за безбедност и донесовме повеќе важни мерки и одлуки пред се за припадниците на војската за што имам право како врховен командант на воените сили, повеќе препораки за нашата влада и другите наши безбедносни сили“ изјави Вучиќ.
Марко Ѓуриќ директорот на канцеларијата за Косово и Метохија откри дека тензиите се покренати и од српска страна, а дел се и политички мотивирани против претседателот Вучиќ.
„Таква е ситуацијата помеѓу другото и затоа што луѓе од нашата земја, поединечни Срби би ги рекол по име и презиме претходните денови создаваа атмосфера, ја обвинуваа сопствената држава дека планира најстрашни злосторства врз сопствениот народ, лажно информираа дека планира некакво сценарио“, истакна Ѓуриќ.
Србите на Косово и Метохија нема да прогласат едногласна никаква независност или автономија, денеска истакана Игор Симиќ потпретседателот на партијата Српска Листа по повиците на Вучиќ.
Критики се упатени кон Приштина бидејќи се уште не го исполнува договорот од Брисел за формирање на Заедница на српски општини што е лицемерно и неодговорно.
Затишје има и на косовска страна. Полицијата на северот на Косово даде уверување до граѓаните дека нема да презема никакви ризични операции кои би го нарушиле мирот, па така сите може да бидат сигурни дека ќе останат безбедни.
„Безбедносната ситуација во северна Митровица е стабилна и мирна“, посочи шефот на регионалниот полициски директорот на Косово Жељко Бојиќ. Ова доаѓа како уверување откако се проширија дезинформации дека сите косовски полицајци биле мобилизирани за можни акции во текот на денот.
Припадниците на КФОР се распоредија на хидроелектраната Газивода во Зубин Поток, но велат дека станува збор за рутински вежби на северот на Косово и затоа има прераспределба на сили и опрема.
Хашим Тачи, пак истакна дека формирањето на Заедницата на српски општини е можно само во согласност со косовскиот устав и повика да не се подлегнува на провокации. Тој прецизираше дека корекција на границата не значи и поделба или размена на територии туку заемно признавање меѓу Србија и Косово за што има силна поддршка од САД и ЕУ.
Иако ескалација на тензиите засега нема, Александар Вучиќ не е оптимист дека ќе има брзо конечно решение на косовското прашање, но повика на трпеливост.
Христијан Станоевиќ