Вучиќ: Се надевам на компромис со Приштина, но не оваа година

Го поддржувам дијалгот со Приштина, се надевам на компромисно решение, но не верувам  дека тоа ќе се случи до крајот на 2018 година, посочи српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод барањето на Брисел, пред пристапувањето на Србија во Европската унија да биде решено прашањето за границата со Косово.

Во интервју за „Спутник“ во Давос, зошто не сака на Србите во Косово да им помогне со вооружување, Вучиќ одговори дека е многу поважно тие да добијат училишта, градинки и поголема економска помош, односно „нешто од што ќе можат да живеат“.

– Мислам дека на луѓето веќе им е доста од сите војни, а тоа, морам да признаат, не го слушам од другите страни, но знам дека на Србите, на српскиот народ, им е доста од војни. Потребен ни е период на мир и стабилност повеќе од што било друго, нагласи спрскиот претседател.

Шефот на државата зборуваше и за воената соработка со Русија, наведувајќи дека се уште се преговара за хеликоптерите „Ми-17“, но дека тоа ќе биде завршено до крајот на годината.

– Србија и Бугарија преговараат за „гасна интерконекција“, со што ќе и се овозможи на Србија да прима гас од „Турски поток“ и да очекува финансиска помош од ЕУ, истакна Вучиќ.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ