
Вучиќ пред 100.000 луѓе порача дека Србија се уште е во игра
Србија е се уште тука, се уште се натпреваруваме и бориме, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот завршен митинг од кампањата „Индината на Србија“, кој се одржа пред српското собрание. Во својот говор Вучиќ зборуваше за добрата економија, дека и покрај силните играчи, Србија останува во игра, а што се однесува за ситуацијата со Косово, наведе дека се залага за мир, како и дека не сака војна во 21 век, но рече дека разговорите одат тешко со албанската страна и дека Србија нема да седне на маса се додека не се повлечат таксите од сто проценти. Србија рече Вучиќ нема да попушти на притисокот.
- И можете да се заканувате и да вршите притисок. Србија рече нема разговори. Повлечете ги таксите, ќе разговараме. А ние да ви вршиме дополнителни отстапки за да кажете дека Србија е поразена и понижена. Нашиот одговор е – има само една работа која е полошо да се загуби од главата. Главата е скапа, но една работа е поскапа. И тоа не го заборавајте ниту вие на Западот, наши драги пријатели, ниту ви Албанци. А тоа е образот. Образот е најскапа работа на светот, никогаш не се обидувајте да и го извалкате на Србија, порача Вучиќ.
Истакна дека Србија ќе остане и воено неутрална, затоа што има сила да го чува своето небо. За новинарите рече дека треба да бидат слободни, и да ги остават да ја работат својата работа. Премиерката ана Брнабиќ порача дека Србија е определена за влез во ЕУ, но и за соработка со сите земји.
- Нам не ни е важно каква вероисповед има некој, ниту кој пол е, ниту која националност е и етничка припадност, ниту каква сексуална ориентација, ниту кој политички го поддржува…држава за сите граѓани. Затоа е владеењето на правото. Но, нека не ни зборуваат за владеење на правото, оние кои само за еден ден отпуштија 840 судии, само затоа што не биле политички подобни. А тоа го правеа тие, и денеска имаат образ да ни зборуваат за владеење на правото, порача Брнабиќ.
Според проценките, на собирот се собраа околу 150.000 поддржувачи на политиката на Вучиќ, со пароли за подобра иднина и пристојна Србија. Критичарите на Вучиќ велат дека пропагандната акција на Српската напредна странка е во функција за примитивното величење на ликот на и делото и култот на Вучиќ. И целта на овој митинг е да се покаже кој има поголеми мускули во споредба со опозициските митинзи „1 од 5 милиони“ кои протестираат со месеци и стануваат се помасовни. За Вучиќ, опозицијата која бара слободни медиуми и фер избори како и оставка од претседателот, тие се „банда фашистичка“ и им порача дека „Србија не е фонтана на желбите“. Здружената опозиција во Сојузот за Србија како одговор за утре најави митинг на истото место и во истото време.
Алиса Шутиноска