
Србија бара оставка – Вучиќ не прифака техничка влада како во Македонија
Обвинуван од опозицијата дека ги држи медиумите под контрола и дека Србија живее во медиумски мрак, Вучиќ денеска во Нови Сад дојде и најави дека отворањето на нова зграда на тв Војдводина ќе се случи пред предвидениот рок. Српскиот претседател Вучиќ ја отфрли можност за формирање техничка влада по примерот на Македонија, како што ја нарече некогашна. Обвини дека тоа го сакаат неговите политички ривали кои за него се фашисти и тајкуни, кои сакаат сите медиуми да бидат како Н1.
– Ајде веќе не се правете на будали, немојте да се правите наивни сосема е јасно за што се работи. Тие мислат дека ќе добијат како во Македонија, некогашна Македонија. Сега ќе добиеме техничка влада па после сите медиуми ќе работат како што работи РТС последните три дена. За нив отприлика сите мораат да бидат како Н1. Тоа е пример за професионално новинарство ако не згасни ја прва, згасни го Пинк, Б92, ма сите…, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Аналитичарите се на чисто дека српскиот претседател тешко би седнал на маса со опозицијата пред одржувањето на големите протести кои се најавени за 13-ти април.
– Едноставно малкумина веруваат во тоа и тоа е она загрижувачкото. Имаме претседател на републиката кој вели дека не сака да разговара со опозицијата. Јас не знам дали тоа го има во барем една демократска земја во светот. Тоа е невозможна изјава. Невозможно е во главата за смислите и да кажете дека не сакате да разговарате со опозицијата. Тоа знали дека вие сте го укинале демократскиот политички живот во земјата. Сте го укинале целосно демократскиот дијалог. Како мислите да не разговарате со опозицијата. Тоа е невозможно, смета Драган Поповиќ, директор на Центарот за практична политика.
Само еден ден по протестите на улиците на Нови Сад на кои граѓаните побараа негова оставка, српскиот претседател пред новинарите објаснуваше на кој начин е утврдена бројката на присутни, според него 692-ца демонстранти. Не пропушти лекција да и одржи ниту на новинарката од телевизија Н1 која му е трн во око, дека прашање може да поставува откако тој ќе заврши.
– Секој пат ќе кажуваме во бројки колку биле за да не ве лажат дека биле 20.000, 40.000 десетина илјади и сите други глупости кои ги измислуваа првите денови од протестите. Знате каква е технологијата денеска, какви се камерите па убаво само ја подигнувате над главите и испаѓа како да се милион, а тие 300 и тоа го прават секој ден. Не мора да се грижите вие од Н1. Јас кога ќе завршам, тогаш вие поставете прашање, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
На граѓаните им вети дека ќе бидат безбедни и дека нема да дозволи повторно да се случат насилства на протестите, а на опозицјата да ја открие целта по блокадата на Претседателската палата- избори или ликвидација.
– Па кажете им на луѓето или сакате избори или сакате да го убиете, рече Вучиќ.
Граѓаните во Ниш, Ужице, Ваљево и други српски градови на демонстрациите под слоганот „Еден од пет милиони“ синоќа ги повторија барањата за оставка на српската влада и смена на директорите на националната РТС и смена на составот во регулаторното тело за медиуми.
Билјана Ставрова