Вучиќ одби да има заедничка средба со Тачи

Српскиот и косовскиот претседател на одвоени средби со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, денеска во Брисел, во период на зголемени тензии меѓу Белград и Приштина. Александар Вучиќ одби да има заедничка средба со Хачим Тачи. „Овој пат ќе биде тежок но ќе мора да се изоди за да се обезбеди долгорочен мир во Западен Балкан“, напиша Тачи на ФБ по средбата со Могерини.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вчера истакна дека и во Брисел, како и на Косово Вучиќ оди за да се потврди мирот и стабилноста во регионот, а во истовреме е соочен е со опструкции и отворени закани. Тој прстот го впери о одредени земји-членки на Советот за безбедност на ОН кои им даваат поддршка на влсатите на Косово.

– Отворено можам да кажам дека во тоа учествуваат претставници на некои земји членки и тоа многу влијателни во Советот за безбедност на ОН, а не се САД, Русија, Франција, ниту Германија. Очигледно станува збор за координирана акција која ги охрабрува сите кои се на КиМ против постигнување на мировен догово. Важно луѓето во меѓународната заедница да видат со какви лудаци си имаме работа, рече Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Предходно српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, му порача на претседателот на косовскиот парлеамент Кадри Весели дека Белград ги разбрал заканите кои тој ги упатил кон српскиот претседател Александар Вучиќ и го предупреди да не презема никаква акција против српскиот претседател.

Весели, претходно се закани со поништување на дозволата на Вучиќ за да го посети Косово и дека ќе помине на истиот начин како и Марко Ѓуриќ, доколку, како и Ѓуриќ, дојде во посета.

Тањуг јавува дека Вучиќ и наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и кои било албански и меѓународни претставници кои се активни на територијата на Косово, по повод неговата посета.

Посетата на претсетаелот на Србија, претходно најавена за  утре и задутре, ненајдено беше доведена во прашање по информациите дека Приштина има намера да го спречи да ја посети Газивода.

Пропаднаа и обидите на косовското собрание, поради блоката на тамошната опозиција, да се изгласа резолуција со која ќе му се забрани на претседателот на државата Хашим Тачи и на било кој друг да преговара за територијата на Косово.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ